Општини
Центарот за лица со посебни потреби во Пробиштип одбележа 20 години од отворањето
Дневниот Центар за лица со посебни потреби во Пробиштип одбележува 20 години од своето постоење. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски денеска беше во посета на дневниот Центар. Тоневски вели дека лицата со попреченост заслужуваат да ги користат сите права рамноправно со останатите граѓани – не само денес, туку секој ден од годината. Нивните очекувања се едноставни, а суштински: еднаквост, поддршка и можност за нормален и достоинствен живот во заедницата.

-Оваа година се навршуваат 20 години од отворањето на Дневниот центар и од неговото успешно функционирање. Навистина ме радува што и по две децении, ова место останува дом на љубов, посветеност и професионална грижа. На сите вработени им упатувам искрена благодарност за нивниот неуморен труд и хуманост, вели Тоневски.

Тој истакна дека Општина Пробиштип и понатаму ќе работи на унапредување на условите за живот на сите граѓани, вклучително и лицата со попреченост, преку надминување на пречките што го отежнуваат нивното секојдневие и преку нивно активно вклучување во социјалниот, културниот и општествениот живот.
декември 4, 2025

