Connect with us

Општини

Свечености во Битола по повод патрониот празник на Универзитетот „Св. Климент Охридски“

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола почна со свечености посветени и инспирирани од делото на патронот св. Климент.

На УКЛО денеска беше промовирана нова генерација доктори на науки кои највисоката академска титула ја стекнале на една од универзитетските единици на овој Универзитет, а во градот пристигнаа и претставници на универзитети членови на меѓународната академска организација УНИАДРИОН кои заедно со своите домаќини утре ќе одржат јавна академска дебата посветена на науката и иновациите.

Според програмата, утревечер во битолскиот театар ќе се одржи уметнички перформанс „Слово Љубве“ со кој завршуваат манифестациите од Државната програма за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.

Свечености посветени на ликот и делото на св. Климент, патрон на битолскиот Универзитет, ќе се одржуваат и во наредните денови, информираа од УКЛО Битола.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4