Connect with us

Фудбал

Ливерпул конечно успеа да стигне до победа

Шампионот на Премиер лигата Ливерпул по еден месец се израдува на победа во шампионатот откако последниот триумф го имаше на 1.ноември против Астон Вила. На гостувањето кај Вест Хем „црвените“ славеа победа со 2:0 со головите на Александер Исак (60.минута) и Коди Гакпо (90+2 минута). Со овој триумф Ливерпул се искачи во горниот дел на табелата (осмо место) со 21 бод.

Ист број бодови (21) има и Манчестер Јунајтед, кој денеска со пресврт стигна до победа од 2:1 во дуелот со Кристал Палас.

На другите два натпревара одиграни попладнево: Нотингем Форест – Брајтон 0:2 и Астон Вила – Вулверхемптон 1:0.

Последен натпревар од 13.коло во Премиер лигата е дербито меѓу Челзи и Арсенал кое почнува во 17:30 часот. 

Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3