Фудбал
Фламенго освојувач на Копа Либертадорес
Бразилската екипа Фламенго е освојувач на Копа Либертадорес и со тоа испиша историја како прв бразилски тим со четири трофеи во најсилното натпреварување во Јужна Америка.
Екипата од Рио до победата од 1:0 против Палмеирас од Бразил стигна со голот на Данило во 67.минута. На тој начин тој стана првиот фудбалер со две титули во Лигата на шампионите и Копа Либертадорес (две титули со Реал Мадрид и една претходно со бразилски Сантос).
За Фламенго ова беше трета титула во последните седум сезони.
Финалето се одигра во главниот град на Перу, Лима.
декември 1, 2025

