Connect with us

Фудбал

Минимален пораз на Шкендија во Приштина во УЕФА Конференциската лига

Фудбалерите на македонскиот првак Шкендија го претрпеа вториот пораз во УЕФА Конференциската лига откако вечерва на гостувањето кај Дрита во Приштина загубија со 1:0. Екипата од Тетово се наоѓа на 25.место на табелата со четири бодови, а првите 24 екипи ќе се пласираат во нок аут фазата.

Голот за победа екипата на Дрита го постигна по прекин, а на нафрлената топка најдобро реагираше Арб Манај и по неговиот удар се затресе мрежата на Гаје.

Следниот натпревар Шкендија го игра на 11.декември како домаќин во Скопје против Слован Братислава.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4