Фудбал
Слот по убедливиот пораз од ПСВ: Не сум загрижен за мојата иднина во Ливерпул
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот реагира на шпекулациите во англиските медиуми за можно негово отпуштање.
Ливерпул синоќа загуби од ПСВ на домашен терен со 1:4 во 5. коло од Лигата на шампионите.
-Не сум загрижен. Фокусиран сум на други работи, не се грижам за мојата позиција во клубот. Треба да работам понапорно, изјави Слот за „NBC Sport“.
Ливерпул е 13-ти на табелата во Лигата на шампионите со девет бода. Во Премиер лигата, тимот е на 11. место со 18 бода од 12 натпревари.
ноември 27, 2025

