Connect with us

Фудбал

ФИФА му изрече суспензија од еден натпревар на Роналдо

Дисциплинската комисија на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) му изрече денеска суспензија од еден натпревар на португалскиот репрезентативец Кристијано Роналдо поради црвениот картон што го доби на натпреварот против Ирска во квалификациите за Светското првенство 2026.

Роналдо беше исклучен откако го удри со лакт домашниот дефанзивец Дара О’Ши во 61. минута од натпреварот.

Португалската ѕвезда се соочуваше со суспензија од три натпревари, што ќе значше дека ќе ги пропушти првите два натпревари од групната фаза на Светското првенство, но, ФИФА го суспендираше Роналдо само на еден натпревар, а два условно.

Роналдо веќе ја отслужи суспензијата откако го пропушти завршниот натпревар во мундијалските квалификации против Ерменија, кој тимот на Роберто Мартинез го доби со 9-1.

За Роналдо, СП во САД, Мексико и Канада ќе биде шестиот мундијалски настап во неговата кариера, во која досега одигра 226 натпревари за Португалија и постигна 143 голови.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1