Фудбал
Загриженост во Реал поради новата повреда на Милитао
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Едер Милитао, повторно се повреди, овој пат во дресот на Бразил на пријателски натпревар против Тунис.
Во натпреварот одигран во вторникот вечер во Франција, кој заврши нерешено 1-1, Милитао го напушти теренот по еден час игра поради повреда на аддукторот.
Од Реал нема официјално соопштение колку долго Бразилецот ќе биде надвор од теренот, а шпанските медиуми објавија дека рехабилитацијата на Милитао ќе трае во најдобар случај две, а во најлош случај шест недели.
Милитао дојде во Реал од Порто во 2019 година, но во последните сезони почесто беше на листата на повреди отколку на теренот.
Во последните две години, Милитао имаше две сериозни повреди на коленото и пропушти повеќе од 200 денови поради повреди од август 2023 година.
ноември 20, 2025

