Connect with us

Фудбал

Дик Адвокат ќе биде највозрасниот селектор во историјата на светските првенства

Холандскиот стратег Дик Адвокат, кој ја предводи фудбалската репрезентација на Курасао, ќе стане највозрасниот селектор во историјата на светските првенства.

Адвокат (78) е на чело на Курасао од јануари 2024 година, со ефект од 11 победи, два порази и шест нерешени натпревари, вклучувајќи го и нерешениот резултат 0-0 против Јамајка во вторникот вечер со кој карипската репрезентација обезбеди историски настап на Мундијалот 2026.

СП 2026 ќе биде трето во кариерата на Адвокат, кој ќе го урне рекордот на Германецот Ото Рехагел како највозрасен селектор во историјата на мундијалските турнири. Рехагел беше на возраст од 71 година кога ја предводеше Грција на СП во Јужна Африка во 2010 година.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2