Фудбал
Мекларен ја напушти селекторската клупа на Јамајка
Англискиот фудбалски стратег Стив Мекларен (64) поднесе оставка од функцијата селектор на Јамајка откако не успеа да обезбеди директен пласман за Светското првенство следното лето во САД, Мексико и Канада.
Во последното коло од групата Б на КОНКАКАФ зоната, на Јамајка синоќа ѝ беше потребна домашна победа против Курасао за да го обезбеди првото место и директен пласман за Светското првенство, но натпреварот заврши 0-0, со што Курасао прв пат во својата историја избори мундијалски настап, додека Јамајка ќе мора да игра во интерконтиненталните квалификации во март.
Фудбалерите на Јамајка три пати ја погодуваа рамката на голот на Курасао, но не успеаја да постигнат гол што ќе ги однесеше на нивното второ Светско првенство во историјата, по дебитантскиот настап во 1998 година во Франција.
„Понекогаш најдобрата работа која водачот може да ја направи е да препознае кога се потребни нов глас, нова енергија и поинаква перспектива за да се движи тимот напред“, изјави Мекларен.
Јамајка ќе се обиде да се квалификува за Светското првенство во интерконтиненталните квалификации против Нова Каледонија, Боливија, ДР Конго, Ирак и Суринам.
ноември 20, 2025

