Connect with us

Фудбал

Шкендија последен четвртфиналист во Купот на Македонија

Фудбалерите на Шкендија се последните четвртфиналисти во Купот на Македонија, откако попладнево на домашен терен во Тетово триумфираа над Тиквеш со 2-0.

Стрелци на головите во завршниот осминафинален куп натпревар ги постигнаа Алхасан во 43 минута и Мазари во судиското продолжение.

Пласман во четвртфиналето во Купот на Македонија претходно обезбедија бранителот на трофејот Вардар, Струга, Работнички, Охрид, Шкендија Арачиново и Детонит.

Четвртфиналните двојки ќе бидат одредени со жрепка, а натпреварите ќе се играат напролет

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1