Фудбал
Досега 42 репрезентации изборија пласман на фудбалскиот Мундијал 2026
Со одигрување на последното коло од квалификациите познати се 42 репрезентации кои се пласираа на Светското фудбалско првенство во 2026.
Пласман на Мундијалот изборија: САД, Мексико, Канада, Австралија, Иран, Јапонија, Јордан, Јужна Кореја, Узбекистан, Аргентина, Бразил, Еквадор, Нов Зеланд, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелен ’Рт, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка, Германија, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Австрија, Белгија, Шкотска, Панама, Курасао и Хаити.
Светското првенство ќе се одржи во 2026 година во Канада, САД и Мексико. Четириесет и осум екипи ќе учествуваат на турнирот за прв пат.
Последните шест учесници ќе бидат одредени по одигрувањето на плејофот.
ноември 20, 2025

