Connect with us

Живот

Идентификувани две рани музички дела од Бах

По три десетлетија истражување, Архивата на Бах во германскиот град Лајпциг идентификуваше две претходно неприпишани дела за оргули како рани композиции од Јохан Себастијан Бах. Авторот на делата бил непознат повеќе од 320 години.

Музикологот и директор на Архивата, Петер Волни, кој ги открил делата пред повеќе од 30 години, објави дека двете шакони во Д-мол и Г-мол се од Бах. Германскиот композитор имал околу 18 години кога ги напишал. Истражувачот ги пронашол рачно препишаните примероци од композициите во Кралската библиотека на Белгија на почетокот на 90-тите и веднаш препознал, врз основа на одликите на ракописот, дека потекнуваат од „средишна Германија“ – веројатно од покраината Туринген.

– Долго време го барав делчето што недостасуваше од сложувалката за да му ги припишам композициите – сега се открива целата слика, рече Волни.

Истражувачката трага го одвела до еден малку познат ученик на Бах, кој ги препишал композициите околу 1705 година. Волни го идентификувал ракописот на ученикот, потврдувајќи ја врската со Бах.

Делата покажувале особини „пронајдени во композициите на Бах во тоа време, но во делата на ниту еден друг композитор“, како што рече стручњакот, оценувајќи ја својата доверба во проценката на 99,9 отсто.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 4