Connect with us

Фудбал

Макеле главен судија на натпреварот на македонската репрезентација против Велс

Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Кардиф против Велс ќе го одигра решавачкиот натпревар за освојување на втората позиција во квалификациската група за пласман на Светскиот шампионат.

Со оглед дека ова е дуел кој директно решава која од двете селекции ќе обезбеди место во баражот, УЕФА го делегираше еден од најдобрите арбитри во Европа. Главен судија е Холанѓанецот, Дани Макеле, а ќе му помагаат Хесел Стегстра и Јан де Фрис. Четврти арбитар е Марк Нагтегал.

Холандска двојка ќе биде и во ВАР собата, а таму се делегирани Пол ван Бокел и асистентот Рихард Мартенс.

Макеле три пати бил главен арбитар на мечеви во кои настапила репрезентацијата на Македонија.

Во 2016 во Скопје на натпреварот во кој Италија ја совлада нашата селекција со 3:2. Три години подоцна на дуелот Македонија – Словенија исто така во Скопје кога славевме со 2:1 и во 2021-та на мечот на арената Тодор Проески против Германија во кој гостите триумфираа со 4:0.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 1