Connect with us

Фудбал

Шкендија со пресврт до бодовите на дуелот со Шкупи

Во заостанат натпревар од 12. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија попладнево го победи Шкупи со 2:1.

На средбата во Струга на која домаќин беше Шкупи, чаирчани поведоа во 57. минута со погодокот на Луис Рибеиро.

Шкендија изедначи преку Имран Фетаи во 72.минута. Осум минути подоцна Лиридон Латифи го постави конечниот резултат.

Шкендија која е бранител на шампионскиот трофеј, со 30 бода се искачи на 3. место на табелата во ПМФЛ, лидер е Вардар со 33, Втора е Струга со 32 бода. 

Шкупи е последен со само еден освоен бод.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3