Фудбал
Левандовски не планира на лето да ја напушти Барселона
Полскиот напаѓач Роберт Левандовски нема намера да ја напушти Барселона следното лето, објави денеска германскиот новинар Флоријан Плетенберг.
Според најавите, Барселона ќе биде последниот клуб во кариерата на 37-годишниот Левандовски.
Полскиот голгетер не размислува да замине во фудбалска пензија во блиска иднина, но одлуката би можел да ја забрза доколку раководството на Барса не му понуди нов договор.
Договорот на полскиот репрезентативец со шпанскиот шампион е до 30 јуни 2026 година.
Левандовски дојде во Барселона од Баерн Минхен во 2022 година и оттогаш освои две шампионски титули во шпанското првенство, како и еден куп трофеј.
ноември 15, 2025

