Connect with us

Фудбал

МЛС го усогласува календарот со најсилните светски лиги

Северноамериканската професионална фудбалска лига, (МЛС), ќе го усогласи календарот со натпревари со врвните светски фудбалски лиги почнувајќи од лето 2027 година.
МЛС ја нарече промената „едно од најзначајните случувања во историјата на лигата“ и посочи дека „продолжува да работи со Здружението на играчи на МЛС за да се финализира договор околу планот за транзиција“.
„Усогласувањето на нашиот распоред со водечките светски лиги ќе ја зајакне глобалната конкурентност на нашите клубови, ќе создаде подобри можности на трансфер пазарот и ќе обезбеди нашите плејоф натпревари да бидат во центарот на вниманието без прекин“, рече комесарот на МЛС, Дон Гарбер.
Според сегашниот формат, натпреварите во МЛС се играат од февруари до почетокот на декември, додека повеќето европски лиги имаат распоред од август до мај.
Во фазата на транзиција регуларната сезона ќе биде скратена на 14 натпревари, по што ќе следат плејоф натпревари од февруари до мај 2027 година.
Сезоната 2027/2028 е предвидено да почне во втората половина на јули 2027 година и да заврши кон крајот на мај 2028 година. Исто така, планирана е зимска пауза од средината на декември до почетокот на февруари.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3