Connect with us

Фудбал

Оскар останува во болница, состојбата стабилна

Бразилскиот фудбалер Оскар (34) е во стабилна состојба, но останува хоспитализиран во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, во која беше примен откако се онесвести за време на тренинг во вторникот.

Оскар колабираше за време на тренингот на прволигашот Сао Паоло и беше итно префрлен во болница каде му беше дијагностицирана вазовагална синкопа.

Вазовагалната синкопа е губење на свеста предизвикано од невролошки индуциран пад на артерискиот крвен притисок или екстремно успорување на срцевата акција.

Наречена и неврокардиогена или рефлексна синкопа, таа е најчеста причина за несвестица. Состојбата вообичаено трае само неколку секунди, а закрепнувањето е брзо. Сепак, кога се јавува кај врвни спортисти, таа активира низа клинички протоколи за да се исклучат потенцијално сериозни кардиолошки причини.

„Оскар е клинички добро и стабилно, хоспитализиран е на кардиолошкото одделение и ќе биде подложен на дополнителни тестови“, објави денеска бразилскиот клуб.

Оскар се врати во Сао Паоло во декември минатата година, потпишувајќи тригодишен договор со клубот од детството.

Претходно во кариерата настапуваше и за Интернационал, Челзи и Шангај Порт оф Чајна, а за бразилската репрезентација одигра 48 натпревари, постигнувајќи 12 голови.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2