Connect with us

Живот

Ретка појава утре: Најголемата супермесечина годинава

Најголемата супермесечина за годинава ќе биде забележлива на небото утре. Имено, нејзината близина до Земјата ќе ја направи полната Месечината да изгледа поголема и посветла од вообичаеното. Во нашето поднебје оваа појава ќе го достигне својот полн обем околу 14:00 часот.

Супермесечината се јавува затоа што Месечината не орбитира околу Земјата во совршено кружна орбита, туку во елипса, поради што понекогаш е поблиску, а понекогаш подалеку во текот на годината, објави „Гардијан“. Во најблиската точка, Месечината е оддалечена околу 350.000 километри од Земјата, додека во најоддалечената точка е на далечина од околу 400.000 километри.

Утре, како и следниот ден, Месечината ќе изгледа осум отсто поголема и околу 16 отсто посветла од просекот.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 1