Connect with us

Живот

Истражување: Уметноста во галерија го смирува телото

Уживањето во уметнички дела во галерија може да го намали стресот, како и опасноста од срцеви заболувања, но и го зајакнува имунолошкиот систем. Истражувањето на британскиот „Кралски колеџ“ во Лондон е прво од ваков вид, објави „Гардијан“ (The Guardian).

Испитувањата опфатиле 50 лица на возраст меѓу 18 и 40 години во Велика Британија. Половина од учесниците гледале оригинални уметнички слики во галеријата „Корто“ во Лондон, додека другите 25-мина гледале копии од истите слики вон галерија. Истражувачите притоа ги мереле физиолошките реакции во телото на испитаниците, додека oвиe гледале ремек-дела од светски познати уметници, како Мане, Ван Гог и Гоген во галерија. Наодите говорат дека уметноста има позитивно влијание врз имунолошкиот, хормоналниот и нервниот систем истовремено, нешто што досега не е забележано во науката.

Кај испитаниците, и двете групи носеле сензори коишто во секој миг го мереле нивниот пулс и температурата на кожата во текот на 20-минутна сесија. Земени биле и примероци од плунка пред и по гледањето. Од сѐ тоа, истражувачите откриле дека нивото на хормонот на стрес – кортизол се намалило во просек за 22 насто кај оние кои го гледале оригиналното уметничко дело, во споредба со само осум отсто кај оние кои ги гледале репродукциите.

Возбудата кај оние кои гледале уметнички дела во галерија, укажувала пад на температурата на кожата, генерално повисок срцев ритам и промени во срцевиот ритам.

Наодите посочуваат дека гледањето оригинална уметност не само што емоционално ги движи луѓето, туку и ги поттикнува смиреноста на телото, здравјето и општата благосостојба.

Проинфламаторните цитокини ИЛ-6 и ТНФ-алфа, поврзани со стресот и голем број хронични болести – се намалиле за 30 отсто и 28 насто, соодветно – кај испитаниците во галеријата, без промена во другата група. Ова укажува дека уметноста има потенцијален смирувачки ефект и врз воспалителните реакции во телото.

Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 2
Маркетинг