Connect with us

Скопје

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Во изминативе 3 дена успеавме да собереме 24 тони комунален отпад (над 170
м³) од домаќинствата во Аеродром, работа која градското комунално претпријатие
не ја изврши.

Ова беше возможно само благодарение на ангажманот и трудот на работниците
на ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром.

Сепак, свесни сме дека поради оваа вонредна ситуација можеби беа запоставени
редовните активности: чистење на плочници, тротоари и сервисни улици, косење,
гребење и уредување на зеленилото, празнење на кантите за џебен отпад,
собирање на лисја, гранки и на неколку места и кабаст отпад.

Се извинуваме на сите жители за непријатностите и бараме разбирање.
За целата состојба поднесовме и кривична пријава до МВР и Основното јавно
обвинителство за загрозување на животната средина.

Ова не е само прашање на отпад, ова е прашање на достоинство, здравје и
иднина.