Фудбал
Симеоне тренер рекордер по број на победи во Ла Лига
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, постави рекорд во Шпанската фудбалска лига со својата 345. Победа. Мадридскиот тим синоќа го победи Хетафе со 3:0 на гостински терен во 13. коло.
Аргентинскиот тренер го надмина Луис Арагонес, кој застана на 344 победи.
Педесет и шестгодишниот Симеоне одигра 567 натпревари во Ла Лига, додека Арагонес има 757.
Аргентинецот е на чело на Атлетико Мадрид од крајот на 2011 година. Во тој период, тој го водеше тимот до осум трофеи, вклучувајќи две титули во Ла Лига, еден Куп на кралот, две титули во Лигата на Европа и два Суперкупа на УЕФА. Под негово водство, Атлетико исто така стигнаа до две финалиња во Лигата на шампионите.
ноември 23, 2026


