Connect with us

Вести

Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка до сите граѓани по повод 17 Ноември – Денот на Уставот и 35-годишнината од неговото донесување.

Во честитката Костадиновски повика на заедничка посветеност кон уставните вредности нагласувајќи дека силата на Уставот не се состои само во неговите одредби, туку и во колективната свест, одговорноста и посветеноста на граѓаните кон вредностите што ги гарантира.

– Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите што тој ги гарантира. Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината – истакнува Костадиновски.

Тој посочува дека изградбата на правна држава, во која владеат правото, правдата и еднаквоста, е обврска на секоја генерација.

Тоа, како што истакнува претседателот на Уставниот суд, е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата што доаѓаат по нас.

– Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава. Нека ни е честит Денот на Уставот – нагласува Костадиновски.

Ad
Ad