Connect with us

Забава

„СС Јунајтед Стејтс“: Од легендарен прекуокеански брод до најголем вештачки гребен во светот

Бродот кој некогаш важеше за најбрз брод во Атланскиот Океан, подолг и од „Титаник“, намерно беше потопен покрај брегот на Флорида, со што стана најголемиот вештачки океански гребен на светот.

„СС Јунајтед Стејтс“ пред да биде преместен на Флорида, речиси 30 години беше закотвен во Филаделфија, каде што се претворил во живеалиште за морскиот свет и подводна атракција за љубителите на морето.

Целта на активистите да го претворат историскиот брод во музеј била неуспешна. Наместо тоа, откако бил преместен на Флорида, бродот станал дел од мрежата на десетици вештачки гребени долж брегот. Во план е изградба на музеј на копно посветен на неговата богатата историја.

Пред да биде повлечен од употреба бродот бил познат по тоа што превезувал членови на кралски семејства и бројни познати личности на релација САД – Европа, од 1952 до 1969 година, меѓу кои бил и Бил Клинтон, пред да стане претседател на САД. Освен него, со бродот патувале и поранешните американски претседатели Хари Труман, Двајт Ајзенхауер и Џон Кенеди.

Минатата година бродот бил преместен од Филаделфија во Алабама, од каде што во понеделникот го започнал своето последно патување кон брегот на Дестин, во Флорида, а во средата бил потопен во прецизно испланирана и изведена операција, без употреба на експлозиви.

За време на својата активна пловидба на бродот престојувале и бројни светски ѕвезди, меѓу кои Марлон Брандо, Коко Шанел, Дјук Елингтон, Салвадор Дали, Волт Дизни, Џуди Гарланд и Кери Грант. 

Ad
Ad