Connect with us

Култура

„Завод и музеј Струмица“ почна со конзервација на црквата во село Габрoво, Гевгелија

НУ „Завод и музеј Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на црквата „Свети Атанасиј“ во село Габрово, Општина Гевгелија, информираа од установата.

-Проектот е насочен кон заштита, зачувување и унапредување на состојбата на овој значаен сакрален објект, како дел од културното и духовното наследство на регионот, се наведува во информацијата. 

Конзерваторските активности се реализираат под раководство на Славица Тасева, конзерватор архитект, а за спроведување на проектот се одобрени 500.000 денари во рамки на Годишната програма за финансирање проекти од областа на културата.

Се додава дека со реализацијата на ваквите проекти НУ „Завод и музеј Струмица“ продолжува со својата институционална заложба за заштита и долгорочно зачувување на културното наследство за идните генерации.

Ad
Ad