Connect with us

Вести

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за нов претседател на Управниот суд на седницата на 11 ноември.

На седницата биле разгледани кандидатурите на Субхи Јакупи, Газменд Фејзули, Едита Наскова и Ѓоко Живковски, чии пријави биле навремени и комплетни. Пријавата на Љуљзим Салиу била отфрлена како некомплетна.

Во расправата, повеќе членови на Советот ги истакнале искуството на Јакупи во Вишиот управен суд и квалитетот на неговата програма. Против изборот се изјаснила Сузана Јошевска, оценувајќи дека Јакупи има најмал судиски стаж меѓу пријавените и дека неговата програма не ги разработува доволно поставените цели

Ad
Ad