Општини
Саем за вино по осми пат на 12 декември во Кавадарци
Саем за вино по осми пат ќе се реализира на 12 декември во Кавадарци, информираа денеска од Здружението „Македонски семејни винарии“. Оттаму истакнаа дека целта е промоција и презентација на вино и производи од грозје, како и развој на винскиот туризам.
– Станува збор за најголемиот саем за вино од ваков вид во државата, ќе може да се дегустираат и купат 250 различни вина и над 50 ракии од македонските семејни винарии. Очекуваме гости од државава и од странство, како и амбасадори од неколку земји. Ќе се дегустираат вина и други производи од грозје. Се работи за настан, празник на најдобрите вина од Тиквешијата, нагласија од здружението.
Претседателот на „Македонски семејни винарии“, Горан Јаковлевски рече дека радува фактот што расте бројот на мали семејни винарии, а поддршка за нив изразил и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, при вчерашната средба во неговиот кабинет.
ноември 11, 2026


