Свет
Трамп: САД се подготвени во секое време да продолжат со воените напади врз Иран доколку е потребно
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави за Ројтерс дека Катар и Саудиска Арабија се заинтересирани за мирно решение на конфликтот со Иран, но дека САД се подготвени да продолжат со воени напади доколку е потребно.
Трамп, кој денеска имаше средба со катарскиот премиер, рече дека оваа земја посакува мирно решение, како и дека Саудиска Арабија повеќе сака мирно решение, но додаде дека САД се подготвени да преземат акција, односно да извршат напади, „кога тоа ќе го посакаат“.
Сепак, пренесуваат британските медиуми, Трамп посочува дека не брза да продолжи со напади, истакнувајќи дека е задоволен од поморската блокада што САД ја спроведуваат против Иран во Ормуската Теснина.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Подготвен сум“, заклучи Трамп во краткиот телефонски разговор со Ројтерс.
ноември 10, 2026


