Connect with us

Свет

Врховниот суд на САД одобри продолжување на изградбата на граничен ѕид во регионот Биг Бенд, во Тексас

Врховниот суд на САД ѝ наложи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп да ја продолжи изградбата на граничниот ѕид во регионот Биг Бенд во Тексас, објавија американските медиуми.

Ова е удар за двопартиските противници на проектот, кои тврдат дека изградбата на ѕидот е трошење пари што ја загрозува единствената природа.

Граничниот ѕид е еден од најзначајните проекти на Трамп во неговото претседателство, затоа што  тој долго време ветуваше дека ќе изгради ѕид од Тихиот Океан до Мексиканскиот Залив.

Минатата година, републиканците во Конгресот одобрија финансиски средстава за проектот, во вредност од 46 милијарди долари, а Царинската и граничната заштита секоја недела брзо градат гранични бариери по целата должина на граница.

Американските законодавци го забрзаа овој процес откако одобрија издавање голем број исклучоци од регулаторните барања, наменети за заобиколување на правилата за набљудување на животната средина, кои во минатото беа дел од огромни градежни проекти.

Опозицијата се собра во регионот Биг Бенд во Тексас за да се бори против проектот, што во некои делови вклучува челични ѕидови од 30 стапки, како и бариери за возила и нови патишта.

За нив изградбата на бариерите чини пари, што ја загрозува локалната економија и начинот на живот во областа со историски ниска нелегална имиграција, и додадоа дека работата може да се заврши подобро само со технологии за надзор, како што се беспилотните летала.

Судијка во Тексас застана на страната на противниците, велејќи дека Конгресот веројатно категорично не ги одобрил толку широките отстапувања за регионот со најмал процент на притворени мигранти на јужната граница. Таа нареди итно запирање на сите градежни активности во регионот, што го вклучува Националниот парк Биг Бенд, како и државно и приватно земјиште.

Администрацијата на Трамп тврди дека во регионот Биг Бенд има нелегални гранични премини и во него се конфискуваат наркотици, и доколку има празнина во граничниот ѕид, сообраќајот може да се пренасочи таму.

Врховните судии сметаат дека судијката од Тексас ги пречекорила своите овластувања, бидејќи законот сериозно ја ограничува можноста за оспорување на исклучоците од барањата за изградба на гранични објекти.

Одлуката на Врховниот суд дозволува изградбата да продолжи додека се разгледува случајот.

Ad
Ad