Connect with us

Култура

Од Македонија ширум светот преку музика: Oтворени пријавите за стипендии „Етно мобилити” 2027

Младите музичари од Македонија имаат можност да учествуваат на меѓународни музички кампови низ светот со финансиска поддршка преку програмата „Етно мобилити” (Ethno Mobility). Пријавувањето за 2027 година е во тек, а повикот е отворен до 15 февруари в година.

„Етно мобилити” е меѓународна програма којашто ги поврзува младите музичари преку традиционалната музика, културната размена и заедничкото музицирање. На камповите се среќаваат учесници од различни земји, кои меѓусебно ги споделуваат музичките традиции од своите култури, учат едни од други и создаваат заедничка концертна програма. Со цел овие искуства да бидат подостапни, програмата „Етно мобилити” нуди финансиска поддршка за млади музичари на возраст од 18 до 30 години, покривајќи ги трошоците за патување, учество и виза, доколку е потребна. Македонија е меѓу земјите чии млади музичари имаат право да се пријават.

Така, една од музичарите кои ја искористиле оваа можност е Мартина Трајковска од Скопје, млада тамбуристка и професорка по музика во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“.

Нејзината приказна со „Етно мобилити” почнува во 2023 година, кога како стипендистка на Музичка младина на Македонија првпат учествува на „Етно Македонија“. Ова искуство ја поттикнува да продолжи да ги истражува можностите што ги нуди меѓународната „Етно” мрежа. Во септември 2026 година, преку програмата, Мартина добива можност да учествува на „Етно Јордан“, искуство коешто го опишува со особена возбуда.

Најважно е да имаш желба да свириш! Да сакаш да запознаваш и да се дружиш со нови луѓе и да запознаваш нови култури и нова музика!

– Досега моето најубаво искуство во животот што сум го имала. Не сакав дома да се вратам! Музициравме, споделувавме наши приказни, создававме нови приказни и беше преубаво искуство, изјави Мартина.

Таа има и порака до младите:

– Не е важно дали свириш на традиционален македонски инструмент, или виолина, или пееш… Најважно е да имаш желба да свириш! Да сакаш да запознаваш и да се дружиш со нови луѓе и да запознаваш нови култури и нова музика!

Од Македонија ширум светот преку музика: Oтворени пријавите за стипендии „Етно мобилити

Како се аплицира? Сите информации, условите и формуларот за аплицирање се достапни на овој линк. Програмата „Етно мобилити” е наменета за млади музичари кои имаат потреба од финансиска поддршка за учество на меѓународните „Етно мобилити” кампови. Стипендијата може да се искористи еднаш, а распределувањето на учесниците на камповите го врши „Етно мобилити”, со цел создавање разновидни и културно избалансирани групи.

Краен рок за пријавување: 15 февруари 2027 година.

Музичка младина на Македонија – како организатор на „Етно Македонија“ и дел од меѓународната мрежа, ги охрабрува младите музичари од земјава да ја истражат оваа можност и да станат дел од меѓународната „Етно мобилити” заедница. За дополнителни информации, и поддршка при аплицирањето, заинтересираните музичари можат на Музичка младина на Македонија да ѝ се обратат на е-адреса или на социјалните мрежи.

Ad
Ad