Фудбал
Без победник на дуелот во Куманово, триумф на Шкендија Арачиново во Гостивар
На првиот од двата денешни дуели од Прва фудбалска лига немаше победник откако Башкими и Брегалница Штип одиграа нерешено 1:1. Домашната екипа поведе во 27.минута со голот на нигерискиот интернационалец Јахаја Фавзи, додека гостите изедначија во 72.минута со голот на канадскиот интернационалец Натаниел Маское.
На последниот дуел од 13.коло Шкендија Арачиново го совлада Арсими со 2:0. Стрелци на головите беа: Дашмир Елези во 47.минута и Бесир Демири во 85.минута од пенал. Со трите бода екипата на Шкендија Арачиново направи скок на табелата со 18 бодови се проби на петтото место. Арсими е претпоследен со 10 бодови. Брегалница остана на седмото место, а Башкими е осми.
На претходно одиграните дуели од оваа рунда: Тиквеш – Скопје 1:0, Струга – Шкендија Тетово 1:0 и Силекс – Вардар 0:1.
ноември 8, 2026


