Свет
ЦДУ на Мерц ја поддржа Илзе Ајгнер за кандидат за претседателка на Германија
Германија е на пат да ја добие својата прва жена претседател откако партиите на владејачката коалиција постигнаа договор за наследник на сегашниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој треба да биде заменет од поранешната министерка за земјоделство Илзе Ајгнер, објавија германските медиуми во петокот.
Според информациите од врвот на владејачката Унија CDU/CSU, и претседателот на Христијанско-демократската унија (CDU) и канцеларот Фридрих Мерц ја поддржаа поранешната министерка за земјоделство, политичарка од баварската Христијанско-социјална унија (CSU), Илзе Ајгнер.
Со оглед на тоа што помалиот коалициски партнер во владата, Социјалдемократската партија на Германија (SPD), исто така претходно ја поддржа Ајгнер, нејзиниот избор на крајот на јануари како наследник на Франк-Валтер Штајнмаер е речиси сигурен.
Ова би бил првпат во повоената историја жена да ја извршува претседателската функција.
Илзе Ајгнер е родена во 1964 година во баварскиот подалпски град Фелдкирхен-Вестерхам и целата нејзина политичка кариера е поврзана со CSU, која ја претставува демохристијанската опција во Баварија.
Од 2008 до 2013 година, таа ја извршуваше функцијата министер за земјоделство во кабинетот на Ангела Меркел.
Меѓу политичките коменаторите, Ајгнер е позната како трезвена политичарка наклонета кон компромисни договори, поради што е почитувана и надвор од нејзината партија.
Медиумите, исто така, објавуваат дека конечната одлука CDU да ја поддржи Ајгнер дошла откако баварскиот премиер и претседател на CSU, Маркус Зедер, дефинитивно ја исклучил можноста тој да се кандидира за канцелар, така што двете највисоки позиции во земјата нема да бидат пополнети од политичари од баварската CSU.
Иако во Сојузното собрание, тело составено од сите членови на Бундестагот и јавни личности назначени од сојузните покраини, Унијата CDU/CSU има мнозинство, а Ајгнер ја поддржува SPD, другите партии објавија дека ќе ги номинираат своите кандидати.
Најголемата опозициска партиа a која е водечка во анектите на национално ниво, Алтернатива за Германија (AfD), ја објави кандидатурата на „личност од средиштето на општеството“.
Опозициската партија, Левицата (Die Linke), ја критикуваше кандидатурата на Илзе Ајгнер застапувајќи се за непартиска личност која би „претставувала мнозинство“ од германските граѓани, но сè уште не донела конечна одлука дали да номинира свој кандидат.
Според Уставот, претседателот на Германија е највисоката политичка функција во земјата и се избира за петгодишен мандат. Следните избори се закажани за 30-ти јануари 2027 година.
Сегашниот претседател на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, веќе ги исполни двата мандата и не може повторно да се кандидира.
Функцијата претседател во Германија има чисто протоколарна улога и ја претставува Германија во странство, но може да влијае и на дневната политика доколку не потпише нов закон.
ноември 7, 2026


