Connect with us

Свет

Зеленски ги критикуваше градските власти во Киев поради лошата подготовка за грејната сезона

Украинскиот претседател Володимир Зеленски упати остри критики до градските власти во Киев поради неспроведувањето на наредбите поврзани со подготовките за зимата нагласувајќи дека ситуацијата во главниот град е најкритична.

„Ситуацијата е најкритична во Киев“, напиша украинскиот претседател на социјалните мрежи по состанокот посветен на процената на последиците од руските напади врз енергетскиот сектор.

Зеленски наведе дека домаќинствата и деловните субјекти се соочуваат со долготрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода додавајќи дека проблемите се исклучително сериозни.

„Во суштина, причината за тоа е пропустот на градските власти да ги спроведат одлуките за подготовка за грејната сезона, што дополнително е влошено од руската кампања насочена против украинскиот енергетски сектор“, напиша Зеленски, кој инаку е во затегнати односи со градоначалникот на главниот град Виталиј Кличко.

Од своја страна, Кличко тврди дека прави сè што е во негова моќ за градот да биде подготвен за зимата, а централните власти ги обвинува дека му создаваат административни пречки во тој процес.

Зеленски соопшти дека премиерот Сергиј Корецки во средата најавил исплата на месечни бонуси за сите ангажирани во обновувањето на инфраструктурата, вклучително и за работниците во енергетскиот сектор, комуналните служби, железничкиот систем, како и во постројките за прочистување и дистрибуција на вода.

„Важно е да се нагласи дека единиците на украинските вооружени сили се исто така мобилизирани за да помогнат во обновувањето на електроенергетската мрежа и на енергетската инфраструктура“, додаде украинскиот претседател.

Ad
Ad