Фудбал
Фабрегас по рекордната победа во ЛШ: Беше прекрасна ноќ
Откако испиша историја со Комо во Лигата на шампиони со рекордната победа на гости над Ленс (9-1) во средата вечер, предводникот на италијанскиот клуб Сеск Фабрегас истакна дека тоа била „прекрасна ноќ за Комо“, но додаде оти тимот мора да остане приземјен.
Со триумфот од 9:1, Комо го израмни рекордот на Ливерпул и Реал Мадрид во Лигата на шампиони, кои забележаа победи на домашен терен од 8:0 против Бешикташ и Малме, а воедно стана само вториот тим по Баерн кој постигнал девет голови на еден натпревар.
Исто како и во Лигата на шампионите, Комо е на четвртото место во италијанската Серија А, а во недела го очекува дербито во Милано против актуелниот шампион Интер.
„Што да кажам, среќен сум, сè помина добро за нас. Момците одлично се снаоѓаа, а сега треба да се подготвиме за важен натпревар во недела. Ова е и наш четврти натпревар во Лигата на шампионите, па затоа бројот четири е клучен“, изјави Фабрегас.
Ниту еден италијански тим досега не постигнал седум гола на гостински натпревар во елитно натпреварување, а камоли девет.
„Тоа беше прекрасна вечер за Комо, за сите наши навивачи и за многу млади играчи кои се само на почетокот на своите кариери. Сепак, тие мора да останат цврсто на земја, да бидат скромни, да продолжат да учат и да не мислат дека сега сè ќе помине без проблеми“, додаде шпанскиот стратег.



