Connect with us

Економија

Мицкоски: Довербата во националната валута е од суштинско значење за економскиот просперитет

Вечерва присуствував на свечениот настан по повод одбележувањето на 80 години централно банкарство во Македонија, значаен јубилеј кој сведочи за осум децении институционален развој, финансиска стабилност и градење на монетарниот суверенитет на нашата држава. Од историските почетоци во 1946 година до современата Народна банка, овој јубилеј претставува потсетник за важноста на силните, независни и професионални институции како темел на стабилна и просперитетна држава – објави вечерва на социјалните мрежи претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Споре него, „државноста се гради со визија, одговорност и институции кои траат низ генерациите“.

-Стабилниот финансиски систем, довербата во националната валута и одговорното водење на монетарната политика се од суштинско значење за економската сигурност на граѓаните и развојот на македонската економија. Наша заедничка обврска е да го почитуваме институционалното наследство, но и посветено да работиме на создавање силна, економски стабилна и европски перспективна Македонија – порача премиерот Мицкоски. 

Ad
Ad