Фудбал
Еспањол го смени тренерот по куп елиминацијата од четвртолигаш
Шпанскиот клуб од елитната лига Еспањол, го отпушти тренерот Маноло Гонзалез откако тимот беше елиминиран од Купот на кралот од клуб од четвртата лига во првото коло од натпреварувањето.
Четириесет иседумгодишниот тренер веќе беше под притисок откако Еспањол ја започна сезоната со шест порази во десет натпревари во првенството, што го турна тимот на 18-то место во Ла Лига. Поразот од 4:3 во Купот на кралот во вторникот на гости кај Сестао Ривера, кој дојде по продолженијата, беше последната капка што ја прелеа чашата.
„Еспањол одлучи да го прекине мандатот на Маноло Гонзалез како тренер на клубот. Двете страни се разделуваат по повеќе од три сезони и 107 официјални натпревари под негово водство – период во кој тој остави свој личен и професионален белег, како на теренот, така и во секојдневното функционирање на тимот“, објави Еспањол синоќа.
Гонзалез го презеде Еспањол во март 2024 година и веднаш го доведе тимот до враќањето во највисоката лига на шпанскиот фудбал. Наследник сè уште не е именуван, а следниот натпревар на Еспањол е на гостински терен против Виљареал овој петок.
октомври 29, 2026

