Connect with us

Фудбал

Реал се извини на кинескиот народ за забелешките на Мбапе

Раководството на Реал Мадрид официјално му се извини на кинескиот народ по забелешките на напаѓачот Килијан Мбапе за поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг.

– Реал Мадрид сака да се извини на кинескиот народ за вознемиреноста што можеби ја предизвикаа неодамнешните забелешки на нашиот фудбалер Килијан Мбапе. Нашиот клуб длабоко ја почитува Кина, нејзината историја, култура и нејзиниот народ, како и милионите кинески навивачи кои го сакаат и му се восхитуваат на Реал Мадрид, се вели во соопштението на клубот.

Воедно, Мбапе во неговото јавно извинување изрази жалење за своите зборови и го потврдил своето почитување кон кинескиот народ.

Претходно, Мбапе зборуваше во интервју Мао Це Тунг го нарече  „кинески диктатор“. По ова, кинеската државна телевизија ги прекина емитувањата на натпреварите од Ла Лига, а неколку кинески компании ги прекинаа своите партнерства со фудбалерот.

Реал Мадрид изјави дека ќе продолжи да се придржува до принципите на почитување и разбирање меѓу културите и дека има намера да ги зајакне односите со Кина и нејзиниот народ. 

Ad
Ad