Општини
Светскиот шампион во карате Марко Џорлев добитник на наградата 8 Ноември на општина Штип, за животно дело Стојан Троицки
Највисоката општинска награда „8 Ноември“ годинава ќе ја добие светскиот шампион во карате, Марко Џорлев. Оваа одлука денеска ја донесоа советниците во Советот на општина Штип, а ќе му се додели на Денот на ослободувањето. Добитниците на годинашните признанија „8 Ноември“, се Доброволно противпожарно друштво( ДПД) – Штип, ултрамаратонецот Тони Манев, талентираната ученичка Дора Милева, пејачкото друштво „Гердан“ и технолошкиот претприемач и иноватор Игор Илиевски. За животно дело добитник е Стојан Троицки, долгогодишен раководител на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“.
-Советот на општина Штип доенсе одлука од оваа година на секој 10 години да биде доделувана и награда за животно дело, кое годинава ќе му биде доделена на Стојан Троицки, догогодишен раководител на фестивалот за музика Макфест- рече Панајотов.
Изборот на добитниците на наградите и признанијата „8 Ноември“ траел околу два месеца, при што Комисијата ги разгледувала сите пристигнати предлози. Дополнително, откако Марко Џорлев стана светски првак во карате, Комисијата одржала уште една седница за да предложи тој да ја добие главната награда.
Наградите и признанија на добитниците ќе им бидат врачени на свечената седница на Денот на ослободувањето на Штип.
октомври 28, 2026

