Connect with us

Регион

Заедничка изјава на Калас и Кос за предвремените парламентарни избори во Србија

Во неделата, на 25 октомври, граѓаните на Србија излегоа во историски број за да се слушне нивниот глас. Гласачите ѝ дадоа на следната влада силен мандат за промени. Со нетрпение очекуваме да видиме како тоа се реализира во пракса, се вели во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос објавена денеска.

„Брзото признавање на изборните резултати од страна на главните учесници покажа посветеност на непречен демократски процес. Официјалното сертифицирање на изборните резултати треба да отвори пат за уредна транзиција, како и за Собранието и Владата да се формираат без оддолжување, со цел да почнат да се справуваат со клучните предизвици со кои се соочува Србија“ стои во изјавата.

Според европските дипломатки, слободните, фер и транспарентни избори во согласност со меѓународните стандарди се предуслов за функционални демократски институции и се потребни за Србија да ги исполни критериумите за членство во ЕУ.

Во тој контекст, ЕУ ги зема предвид прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународната изборна набљудувачка мисија (ИЕОМ) од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР), Европскиот парламент (ЕП), Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС ОБСЕ).

Калас и Кос информираат дека во своите прелиминарни наоди, ИЕОМ извести за општо ефикасно управување со подготовките за изборите и позитивна проценка за сите фази од процесот на изборниот ден во огромното мнозинство гласачки места.

„ИЕОМ истакна дека длабоко вкоренетите предности што ги уживаше владејачката партија, вклучувајќи злоупотреба на државните ресурси и изразена пристрасност во медиумското известување во корист на партијата на власт, застрашувањето и притисокот врз гласачите, кандидатите и граѓанското општество, како и нарушувањето на кампањските активности, го нарушија изборниот амбиент. Пријавените инциденти на физичко насилство предизвикаа сериозна загриженост“ се вели во изјавата.

Приоритет останува опипливо подобрување и реформа на изборната рамка, преку инклузивен процес кој ги вклучува сите релевантни чинители за да се обезбеди вистинска имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР и Советот на Европа со добра волја.

„ЕУ останува подготвена да соработува тесно со идната српска влада во однос на темелите на процесот за пристапување кон ЕУ, конкретно за демократските критериуми, независното судство и основните права, вклучувајќи ја и слободата на медиумите. Гледајќи напред, намалувањето на поларизацијата во општеството е од суштинско значење за поттикнување на довербата кај граѓаните и надминување на поделбите. ЕУ е подготвена да понуди поддршка за реформите и истите да ги претвори во можности за граѓаните на Србија“ заклучуваат Калас и Кос во заедничката изјава.

Ad
Ad