Connect with us

Регион

Началникот на одбраната на Бугарија поднесе оставка

Бугарскиот началник на одбраната, адмирал Емил Ефтимов, побара напуштање на воената служба. Инфомацијата ја потврди денеска Министерството за одбрана на Бугарија. Министерството за одбрана не ги објави неговите мотиви за оставката. Барањето е доставено до министерот за одбрана на Бугарија, Димитар Стојанов.

Во документот се наведува дека адмиралот ќе има 3-месечно известување за оставка, што значи дека ќе ги исполнува своите должности до крајот на годината. Според законот, следниот началник на одбраната потоа треба да биде назначен со декрет на претседателот на Бугарија.

Адмиралот Емил Евтимов е началник на одбраната од 30 март 2020 година, наведено е на веб-страницата на Министерството за одбрана.