Connect with us

Фудбал

Милан размислува да го позајми Ендрик од Реал со опција за откуп

Милан е заинтересиран да го потпише напаѓачот на Реал Мадрид, Ендрик, објави „Ла Газета дело Спорт“.

Според порталот, италијанскиот клуб размислува за позајмица за 20-годишниот Бразилец со опција за откуп за 60 милиони евра. 

Од друга страна Реал Мадрид има намера да вклучи опција за негов откуп од 80 милиони евра.

Поранешниот фудбалер на Реал и на Милан, Кака, наводно е заинтересиран да помогне во обезбедувањето на трансферот. Бразилецот е подготвен лично да учествува во преговорите и да го убеди Ендрик да ја продолжи кариерата во Италија, каде што ќе има можност да добие повеќе време за играње.

Во сезоната 2026/27, фудбалерот има седум настапи во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и една асистенција.

Ad
Ad