Фудбал
Гвардиола нема да го замени Покетино како селектор на репрезентацијата на САД
Пеп Гвардиола нема да ја тренира репрезентацијата на САД по заминувањето на Маурисио Покетино во Манчестер јунајтед.
Поранешниот тренер на Манчестер сити прави едногодишна пауза, објави „The Telegraph“.
Претходно беше објавено дека Фудбалската федерација на САД го разгледува Шпанецот како водечки кандидат за функцијата главен тренер на репрезентацијата.
Според Телеграф, Гвардиола нема да ја тренира репрезентацијата на САД, и покрај неговата желба да работи во меѓународниот фудбал. Поранешниот тренер на Манчестер Сити сака да направи пауза од фудбалот и нема намера да разгледува никакви понуди за работа за следната година.
Покетино ќе го заврши својот мандат со репрезентацијата на САД по реваншот од четвртфиналето на Лигата на нации на КОНКАКАФ против Хаити на 17 ноември.
ноември 16, 2026


