Connect with us

Вести

Мицкоски со осуди за нападот врз девојката во Охрид: Сè ќе сториме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата

„Ова мое денешно обраќање требаше да биде на сосема поинаква тема, да зборуваме за содржината на состаноците коишто ги имавме денес овде, за борбата којашто ја водиме за Македонија во Белгија, Брисел.

Но, за жал, до мене стигна ужасната вест којашто ги потресе охриѓани, но и генерално граѓаните на Македонија, за инцидентот и претепувањето на младата девојка.

Ја користам оваа прилика да изразам жалење и жестоко да го осудам дивјаштвото коешто се случува.

А, воедно, како човек, како родител, како татко, како брат и сопруг, сакам да изразам поддршка до семејството на девојката и да ветам дека сè ќе сториме како институција и јас како претседател на Владата, лицето коешто го сторило овој ужасен напад да биде изведено пред лицето на правдата.“

Ad
Ad