Connect with us

Регион

Фон дер Лајен во Тирана изјави дека Албанија напорно работи за да ги достигне европските стандарди

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска на заедничка прес-конференција во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија напорно работела за да ги постигне европските стандарди.

„Албанската влада и Албанија напорно работевте за да ги постигнете европските стандарди. Албанија повторно постигна фантастичен напредок, го отворивте последниот кластер, а во јули ги затворивте првите три поглавја. Ги уверувам Албанците: членството не само што ќе ја направи Албанија посилна, туку ќе ја направи и Европската Унија посилна“, рече таа.

Фон дер Лајен нагласи дека патот до членство бара континуирано спроведување на фундаментални реформи во сите отворени поглавја, вклучително и заштитата на животната средина и природните ресурси на земјата. Според неа, постигнувањето трајни промени бара соработка што оди подалеку од традиционалните политички граници.

„Ова бара вистинско ангажирање низ политичките поделби и дијалог со општеството за да се решат сите негови загрижености“, рече таа.