Connect with us

Регион

Судот во Загреб ги забрани штрајковите на Холдиниг и на ЗЕТ

Судот во Загреб ги прогласи штрајковите во градската компанија за комунални и други служби Холдинг и во градскиот превозник Загребски електричен трамвај (ЗЕТ) за незаконски, а синдикатите ги повикаа вработените да се вратат на работа.

Според одлуката на судот во случајот со штрајкот во Холдинг, која може да се обжали до Врховниот суд, загрепскиот суд ја прифати тужбата на менаџментот против синдикатот.

Судот утврди дека социјалниот мир бил во сила кога почна штрајкот, па затоа штрајкот бил предвремен и затоа нелегален. Дополнително, синдикатите го започнаа штрајкот без да обезбедат основни работни места.

Според судот штрајкот во ЗЕТ е нелегален бидејќи синдикатот не обезбедил непречено функционирање,

Денешните одлуки уследија откако вчера судските комисии во два одделни случаи ги отфрлија предлозите на менаџментот на Холдинг и на ЗЕТ за привремена забрана на штрајкот.

Главниот спор помеѓу раководството и синдикатите во градските компании се однесува на платите. Градот нуди зголемување на платите според моделот од 4,5+4,5+4,5 проценти, при што првото зголемување ќе стапи во сила на 1 јануари, а следното би било на 1 септември. Од друга страна, синдикатите во Холдинг бараат зголемување на основната плата за 12 проценти, а во ЗЕТ за 13 проценти.