Connect with us

Свет

Кардиологот Питер Мекалоу: Миокардитисот од вакцините намерно беше прикриван, тоа беше утврдено и во Сенатот на САД

Да ви кажам, самиот вирус што доведува до ковид не предизвикува миокардитис. Не предизвикува. Во обдукциските студии се бараше присуство на вирусот во срцето. Не го пронајдоа. Еден труд на колеги во Израел, објавен пред да почне вакцинацијата, покажува дека во Израел имало многу случаи на ковид, но немало зголемување на бројот на случаи на миокардитис. Даниелс од Big Ten објави студија во JAMA (привремениот претседател на Иниверзитетот „Пердју“, Мич Даниелс (Mitch Daniels), кој имаше многу важна и широко коментирана улога поврзана со ковид-19, н.з.). Тие барале знаци на миокардитис кај спортисти што прележале ковид – вели д-р Питер Мекалоу, кардиолог, претседател на Фондацијата „Мекалоу“, кој веќе со години тврди дека мНРА-вакцините против ковид-19 се опасни и доведуваат до миокардитис, што е трајно оштетување на срцето. Ова се неговоите зборови од последниот настап на 24 септември при гостувањето кај Мериса Стреит во „Вистински разговори“. 

„Всушност, тие имаа програми за скрининг со магнетна резонанција. Сите беа загрижени дека самиот вирус може да предизвика миокардитис. Пред вакцините, од десетици илјади спортисти, идентификувале 36 потенцијални случаи, но ниеден од нив не бил потврден како вистински случај на миокардитис. Така што, во суштина, Big Ten ја прекина програмата за скрининг на миокардитис кај лица со ковид. Потоа сите ја прекинаа. Целиот свет знаеше дека самиот вирус што доведува до ковид не може да предизвика миокардитис. Токму затоа престана загриженоста во врска со тоа“, тврди Мекалоу и продолжува:

„Но, потоа дојдоа вакцините, а јас сведочев пред Сенатот на САД на 21 мај 2025 година. Објавивме извештај, а тој е дел од истрагата на Постојаниот поткомитет за истраги при Комитетот за домашна безбедност и владини прашања. Заклучокот е дека американската влада и јавните здравствени агенции намерно го прикривале миокардитисот поврзан со вакцините за да ја доведат јавноста во заблуда и да поттикнат дополнителна вакцинација“, вели кардиологот.

На забелешката на водителката Мериса дека станува збор за нешто злонамерно, тој додава: 

„Според Постојаниот поткомитет за истраги на американскиот Сенат, дефинитивно, станува збор за нешто злонамерно“.