Хроника
Претрес во Куманово, пронајдена дрога, лишени од слобода четири лица
Четири лица се лишени од слобода во Куманово откако при претрес во домот на 45-годишен кумановец била пронајдена бела грутчеста материја, соопшти денеска МВР.
Денеска во 00:50 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје и од мобилниот тим „Task Force“ при СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.С.(45) од Куманово, Т.К.(45) од село Романовце, Н.А.(39) од Куманово и М.К.(39) од село Биљановце- наведува МВР.
При претресот во домот на Р.С., извршен со судска наредба, биле затекнати и останатите три лица, а биле пронајдени повеќе пакувања со бела грутчеста материја и други предмети. Четворицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
септември 26, 2026
