Connect with us

Политика

Петрушевски: Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, затоа нека се посвети малку на консолидирање

Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард. Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДС ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДС е и против нови индустрии и дата-центри, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде.

Со речиси секојдневните јавни настапи Филипче изгледа очајно, а очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање.

Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува.

А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДС во длабока опозиција.