Connect with us

Општини

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала вчеравечер во 22 часот и 18 минути беше почувствуван во Битола, Ресен и околината, информира Сеизмолошката опсеравторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Како што посочуваат, епицентарот на земјотресот потекнува од соседна Грција, на околу 120 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9.