Connect with us

Свет

Туск: Поканата до Путин за самитот на Г20 би можела да ја охрабри Русија да продолжи со агресијата во Украина

Поканата до рускиот претседател Владимир Путин за состанокот на Г20 во Мајами во декември би можела да ја охрабри Москва да продолжи со агресијата против Украина, изјави денеска полскиот премиер Доналд Туск.

– Доколку поканата до Путин за самитот на Г20 би можела да нè приближи до одржливо решение за конфликтот, јас апсолутно би бил за тоа. Сепак, и тоа ми го кажуваат моите загрижености и искуство, во оваа фаза, Русија би можела да го сфати тоа и како поттик да продолжи со својата агресивна политика. Се плашам од тоа – рече Туск на прес-конференција.

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера изјави дека се надева оти Путин ќе ја прифати поканата и оти самитот на Г20 ќе обезбеди можност за контакт со американскиот претседател Доналд Трамп и другите светски лидери.

Кремљ соопшти дека Русија ќе ја разгледа поканата.